Распоред за настава
Распореди за одвивање на наставата со физичко присуство во учебната 2020/2021 година
Почитувани родители и драги ученици,
Наставничкиот колегиум на ООУ„Свети Кирил и Методиј“-Центар, Скопје ви посакува успешна учебна година.
Подолу на линковите имате информации за протоколот за одвивање на наставата со физичко присуство изработен според Правилникот од МОН, потребни насоки за влез во училиштето и време за одвивање на наставата.
За безбедно и непречено одвивање на наставата за време на вонредната состојба, ве молиме да го почитувате протоколот.
Одделение | Паралелка /Група | Паралелка/Група | Паралелка/Група | Паралелка/Група |
Прво одделение | I 1 | I2 | ||
Второ одделение | II1a | II1б | II2a | II2б |
Трето одделение | III1a |
III1б | III2a | III2б |
Четврто одделение | IV1 | IV2 | ||
Петто одделение | V1 | V2 |
Распоред за учениците од VI до IX одделение
Распоред на почеток и времетраење на часовите за учениците од VI до IX одделение
Кодекси и правилници
Почитувани родители, драги наши ученици,
Треба да бидеме силни и самодисциплинирани, да направиме социјална дистанца, се со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на другите луѓе додека трае вонредната состојба со пандемијата COVID-19. Заради таа цел изготвени се кодекси за однесување и протоколи за сите лица вклучени во системот.
Кодекс за однесување за времетраење на online настава
Куќен ред за одвивање на наставата со физичко присуство
Патронат на нашето училиште
Во чест на денот на словенската писменост и светите браќа Кирил и Методиј, 24.05.2020 нашите ученици од дома подготвија песни, есеи и ликовни творби.
Линк до галеријата со ликовни творби.
Линк до галерија со литературни творби.
Линк до видео со ученици кои рецитираат
Линк до видео најдобар есеј
Учиме од дома
Потрудете се учењето на вашето дете онлајн да биде забавно и безбедно
Кога станува збор за учење на децата онлајн, родителите и старателите треба да запомнат секогаш:
- Активно да учествуваат во учењето на своите деца. Да ја користат технологијата како една состојка од процесот на учење во кој има интеракција и со други луѓе, знаејќи дека технологијата сама по себе не може да го замени присуството и насочувањето на наставниците или родителите. Ова важи особено за помалите деца.
- Да ги заштитат личните податоци на децата. Родителите и старателите треба да ги проверат дигиталните извори што ги користат децата и да ги избегнуваат оние што не изгледаат безбедно или оние каде се бара давање на детални лични податоци. Идентитетот на децата, нивната локација, националната или верска припадност не треба да бидат меѓу бараните информации за пристап до наставните ресурси.
Дигитални четива
УНИЦЕФ “Дружината МЕЛА“: онлајн сликовници на македонски и албански за предучилишни деца и помали деца што посетуваат основно образование. Сите сликовници може да се симнат од овде https://issuu.com/unicefmk
Чекор по чекор: Дигитални сликовници за раскажување на македонски, албански, турски и босански јазик за деца од предучилишна и училишна возраст, како и аудио сликовници на знаковен јазик и активности за дигитално учење. https://stepbystep.org.mk/en/biblioteka
Global Digital Library (Светска дигитална библиотека): Ја унапредува писменоста во пониските одделенија така што дава пристап до дигитални книги, приказни за деца и други четива на повеќе јазици. Може да се користи на компјутер. Повеќе информации се достапни на: https://www.digitallibrary.io/
StoryWeaver (Раскажувач): Дигитална база на повеќејазични приказни за деца. Може да се користи преку мобилен уред и компјутер. Повеќе информации се достапни на: https://storyweaver.org.in/
Важни информации
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Почитувани ученици и родители,
по добиените насоки од МОН и Општина Центар, а со единствена цел да излеземе во пресрет на нашите ученици од
ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје, Ве известуваме дека секој актив на наставници од I – V одделение и
од VI – IX одделение, подготвува база на податоци, едукативни содржини и е- содржини (линкови) кои ќе ги споделат
на училишната WEB страна.
Целта на овој вид „учење на далечина“ е да се посочат платформи кои овозможуваат пристап до содржини соодветни
на возраста и наставната програма за секое одделение, подобрување на дигиталната интеграција во учењето и
подучувањето, пристап и учење преку отворени образовни ресурси.Сето ова во овој период кога децата
не посетуваат настава, дава поддршка на самоучењето на учениците, врз основа и примена на ИКТ, развива
компетенции на наставниците да користат нови технологии за подобрување на резултатите во наставата,
подобрување и проширување на понудата на висококвалитетни можности за учење, користење на иновативни
начини на информирањање и комуникација.
Оваа е- платформа ќе им овозможи на учениците да совладуваат нови содржини по сите наставни предмети,
да ги повторуваат и утврдуваат стекнатите знаења и истите да ги интегрираат и применуваат во секојдневниот живот.
Едукативно, креативно и корисно да се сублимираат знаењата.
Со почит,
Вилма Поповиќ
Директор на ООУ„Свети Кирил и Методиј“
Центар, Скопје