Учиме од дома

Категорија: Некатегоризирани Објавено: Четврток, 26 Март 2020

Потрудете се учењето на вашето дете онлајн да биде забавно и безбедно

Кога станува збор за учење на децата онлајн, родителите и старателите треба да запомнат секогаш:

  • Активно да учествуваат во учењето на своите деца. Да ја користат технологијата како една состојка од процесот на учење во кој има интеракција и со други луѓе, знаејќи дека технологијата сама по себе не може да го замени присуството и насочувањето на наставниците или родителите. Ова важи особено за помалите деца.
  • Да ги заштитат личните податоци на децата. Родителите и старателите треба да ги проверат дигиталните извори што ги користат децата и да ги избегнуваат оние што не изгледаат безбедно или оние каде се бара давање на детални лични податоци. Идентитетот на децата, нивната локација, националната или верска припадност не треба да бидат меѓу бараните информации за пристап до наставните ресурси.  

Дигитални четива

УНИЦЕФ “Дружината МЕЛА“: онлајн сликовници на македонски и албански за предучилишни деца и помали деца што посетуваат основно образование. Сите сликовници може да се симнат од овде https://issuu.com/unicefmk

Чекор по чекор: Дигитални сликовници за раскажување на македонски, албански, турски и босански јазик за деца од предучилишна и училишна возраст, како и аудио сликовници на знаковен јазик и активности за дигитално учење. https://stepbystep.org.mk/en/biblioteka

Global Digital Library (Светска дигитална библиотека): Ја унапредува писменоста во пониските одделенија така што дава пристап до дигитални книги, приказни за деца и други четива на повеќе јазици. Може да се користи на компјутер. Повеќе информации се достапни на: https://www.digitallibrary.io/

StoryWeaver (Раскажувач): Дигитална база на повеќејазични приказни за деца. Може да се користи преку мобилен уред и компјутер. Повеќе информации се достапни на: https://storyweaver.org.in/

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com