Донација од НУЛА ОТПАД

Категорија: Настани Објавено: Четврток, 26 Октомври 2017

Почитувани, Родители и пријатели на нашето училиште,

Наша обврска е да Ве информираме и да Ви споделиме позитивен настан од нашето училиште. Основното училиште Кирил и Методиј  Скопје, Општина Центар на правилен начин се ослободи од електронскиот и електричниот  отпад кој низ годините и употребата на уредите се создава.

За истиот ние се обративме во Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје.

Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад го започна кон крајот на 2012 година и отогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина.

Формирана согласно  Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (Службен весник на РМ, бр. 140/2010, 47/2011 и 148/2011), и со проширена дејност во 2013 година, согласно со Законот за постапување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (Службен весник на РМ бр. 6/12).   

“Спроведувње на концептот “zero waste” (нула отпад) и да се биде општествено одговорен , но и да се остане општествено одговорен е позиција која обврзува и во таа насока се темелат стратегиите за деловна оријентација на друштвото”.

Нашето училиште заедно со Нула Отпад ДОО од Скопје се залага за:

-       Зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина

-       Заштита на животот и на здравјето на луѓето

-       Спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето

-       Отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина

Ние како училиште секогаш сакаме новите и идните генерации да ги научиме што е правилно и добро не само за нас туку и за целата средина и околина.

Како училиште се ослободивме од 480кг е - отпад, а за истиот добивме донација (проектор и платно) за нашето училиште од Нула Отпад ДОО Скопје. Истата ќе биде употребена за едукација на сите деца во нашето училиште, со која ќе ги поттикнеме вистинските вредности за заштита на животната средина и натака ќе продолжиме со истата работа.

0 donacija

Ве поттикнуваме и вас родители и пријатели, доколку и вие имате стари и неисправни уреди да ги контактирате од Нула Отпад ДОО Скопје, на 070 236 000 ЕКО ЛИНИКА ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА!

Официјален документ од НУЛА ОТПАД.

Посети: 338
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com