Денот на учителот

Категорија: Настани Објавено: Четврток, 05 Октомври 2017

Денес е 5 Октомври, а секој 5 Октомври е празник, празник на УЧИТЕЛИТЕ!

Знаењето не е само да се поседува лично за себе, туку знаењето има најголема вредност кога се пренесува на ДРУГ!

Таа задача ја имаат УЧИТЕЛИТЕ. Тие се темелот на севкупниот напредок во ОПШТЕСТВОТО!

Писателот Џон Штајнбек рекол:

-Предавањето е една од најголемите уметности бидејќи неговиот пат е човечкиот УМ И ДУХ!

Учителот наводнува пустини, осветлива темнини, инспирира, поставува предизвици, развива креативност и имагинација, СОЗДАВА НАДЕЖ!

Светите браќа Кирил и Методиј биле првите просветители што го посеале семето на просветата меѓу словенските народи. Благодарение на нивното дело, ние денес имаме свој јазик, своја писменост и култура и твориме на мајчин јазик.

Тешки се првите чекори кон знаењето и темен бил патот кој први го заоделе Светите браќа Кирил и Методиј, но ние кирилометодиевите следбеници достоинствено чекориме по патот на писменоста, по патот на ЗНАЕЊЕТО!

Нашите денешни учители целиот живот го поминуваат во училиштето, прво како ученици, а сега како наши патокази кон совладувањето на препреките , наши воспитувачи и втемелувачи на вистинските вредности.

 

Фото галеријата.

Видео галеријата.

Посети: 310
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com