Празнични радости

Категорија: Настани Објавено: Среда, 27 Декември 2017

На ден 26.12.2017 година во ООУ „Свети Кирил и Методиј”- Центар, Скопје  учениците од I-3 одделение со наставничките Дијана И. Коваческа и Јелена Брауновиќ одржаа пригодна приредба  пред родителите на тема „Празнични радости”.

На крајот учениците им се обратија на родителите:

„Драги родители, новогодишна порака ви праќаме: Ние сме огледала ваши, а вие сте секогаш во срцата наши. Бидете среќни, радосни, здрави и љубов да ве води, а по Нова година доаѓа Божиќ и најрадосно ќе речеме Христос се роди!”

Насмевките на лицата на родителите,  аплаузите и топлите прегратки беа најголемата награда за учениците и сатисфакција за во иднина.

Фото Галерија

Посети: 2001
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com