Посета на Македонската филхармонија

Категорија: Настани Објавено: Среда, 07 Март 2018

На ден 02.03.2018 година ја посетивме Македонска филхармонија и имавме можност  да ја проследиме генералната проба на првиот Еко концерт под наслов „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој како аниматор беше познатиот водител на детски емисии - Ивце Пивце, а истиот беше одржан во саботата на 03.03.2018 година. 

Концертот „Музичка екскурзија со Пакомак“, како што кажува и самиот наслов, е  посветен на екологијата, се зборува за чистата природа, за соживот на растителниот и животинскиот свет, за чување на нашата околина.

Ова е уште еден од едукативните концерти на Македонската филхармонија чија мисија е преку класичната музика, но и преку еко приказна, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за екологијата, надвор од училишните клупи.

Учениците од прво одделение се запознаа со диригентот Фи Фи Ле и членовите на оркестарот , а потоа прошетаа низ просториите на Македонската Филхармонија.

Голема благорарност до Нула Отпад ДОО и Македонска Филхармонија што ни организираа вакво незаборавно дружење и доживување.

Фото Галерија

Посети: 1487
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com