Фестивал за детска литература и илустрација

Категорија: Настани Објавено: Сабота, 13 Април 2019

Литера - Фестивал за детска литература и илустрација

Целта на фестивалот е да ги презентира најдобрите дела од домашната и светската детска литература и илустрација. Фестивалот нема да биде класичен „саем на книга“ туку ќе понуди многу повеќе содржини. Ќе се организираат работилници на кои искусни автори ќе им го пренесат своето знаење на најмладите посетители и ќе ја поттикнат нивната креативност. Исто така, преку организирање дебати ќе се отворат низа актуелни прашања како местото на книгата во дигиталниот свет, улогата на детската литература во интелектуални и емотивниот развој на најмладите итн. Ќе се разговара и за квалитетот на детксата литература, дали и колку е таа застапена кај домашните издавачи.

Пред публиката ќе се претстават афирмирани илустратори од Македонија и од странство, кои ќе одржат свои работилници, ќе пренесат искуство од техниките во кои работат и од соработката со меѓународни автори. Ќе се организира и ретроспективна изложба на илустрации за деца од македонски автори. Идејата е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на детската литература и илустрација.

Учениците од 1-3 заедно со наставничката Катерина Богдановска присуствуваа на фестивалот и учествуваа на креативните работилници.

Фото Галерија

Посети: 231
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com