Пуштена во употреба новата фискултурна сала

Категорија: Настани Објавено: Петок, 29 Ноември 2019

На 21 Ноември 2019 година во нашето училиште беше пуштена во употреба новата фискултурна сала во присуство на Градоначалникот и претставници од Општина Центар. На голема радост на учениците, вработените во училиштето и Општината по цели 47 години училиштето доби нова и модерна сала направена по сите современи стандарди.

На овој долгоочекуван чин, а на големо задоволство на учениците присуствуваа и кошаркарските асови Перо Антиќ и Тодор Гечевски.

Огромна благодарност до Општина Центар за новите спортски реквизити кои на учениците ќе им овозможат квалитетно реализирање на часовите по физичко и здравствено образование.
За свечената атмосфера при пуштањето во употреба на новата сала зборуваат и фотографиите....(во прилог) 

Фото Галерија

 

Посети: 432
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com