Вештини во возење велосипед

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 27 Октомври 2017

Учениците од основните училишта во општина Центар, на 26.10.2017 се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Најдобрите шестмина ќе добијат пригодни награди.

Целиот проект за сообраќајно воспитување, кој се изведуваше во секое училиште во општината, за учениците од 6-то до 9-то одделение, беше со цел да се зголемат капацитетите на децата како активни учесници во сообраќајот. На учениците им беа предочени позитивните страни од користењето велосипед и правилата за безбедно учество во сообраќајот.

Повеќе: Вештини во возење велосипед

Донација од НУЛА ОТПАД

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 26 Октомври 2017

Почитувани, Родители и пријатели на нашето училиште,

Наша обврска е да Ве информираме и да Ви споделиме позитивен настан од нашето училиште. Основното училиште Кирил и Методиј  Скопје, Општина Центар на правилен начин се ослободи од електронскиот и електричниот  отпад кој низ годините и употребата на уредите се создава.

За истиот ние се обративме во Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје.

Повеќе: Донација од НУЛА ОТПАД

Денот на учителот

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 05 Октомври 2017

Денес е 5 Октомври, а секој 5 Октомври е празник, празник на УЧИТЕЛИТЕ!

Знаењето не е само да се поседува лично за себе, туку знаењето има најголема вредност кога се пренесува на ДРУГ!

Таа задача ја имаат УЧИТЕЛИТЕ. Тие се темелот на севкупниот напредок во ОПШТЕСТВОТО!

Писателот Џон Штајнбек рекол:

-Предавањето е една од најголемите уметности бидејќи неговиот пат е човечкиот УМ И ДУХ!

Повеќе: Денот на учителот

180 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Категорија: Настани
Објавено: Среда, 27 Септември 2017

ЗА СВЕЧЕНАТА ПРИРЕДБА ПО ПОВОД 180 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА

                    ООУ „СВ. КИРИЛ И  МЕТОДИЈ”- СКОПЈЕ, ЦЕНТАР

                    ВИСТИНСКОТО ЗНАЕЊЕ, НЕМА РОК НА ТРАЕЊЕ

Време:
25 мај, 2016 година,  18:00 часот
Место на одржување: Дом на АРМ

Повеќе: 180 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Почеток на учебната година 2017/2018

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 31 Август 2017

Учебната 2017/2018 година започнува на 04.09.2017 (понеделник).

ПРИЕМОТ НА ПРВАЧИЊА ЌЕ СЕ ОДДРЖИ ВО ХОЛОТ ВО 10 ЧАСОТ.

За учениците од второ до деветто одделение одделенскиот час ќе започне од 8 часот.

skolo 

Повеќе: Почеток на учебната година 2017/2018

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com