Изложбен центар МАТКА

Категорија: Настани
Објавено: Среда, 10 Мај 2017

        Нашето училиште имаше прилика да учествува на свеченото отворање на "Изложбениот центар Матка", во кој имавме прилика да ги видиме уредите за настанување на електрична енергија. Електричната енергија за нас е достапнка на еден клик, но нејзината еволуција е долга, генијална и посебна. Токму затоа е сосдаден Изложбениот центар Матка, место каде младите ќе може да се едуцираат за електричната енергија и да дознаат како таа настанува, како патува и кои се изворите на енергија. Место каде секогаш може да се дознае нешто повеќе.

Повеќе: Изложбен центар МАТКА

Упис на првачиња 2017/2018

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 21 Април 2017

Образование по мерка на вашите деца. Изберете го најстарото основно училиште во Република Македонија ООУ "Свети Кирил и Методиј", Центар - Скопје.

Вистинското знаење нема рок на траење.

Education that fits your kids. Choose the oldest Primary School in Republic of Macedonia OOU "Saints Cyril and Methodius", Centar - Skopje.

Good education has unlimited duration.

Повеќе: Упис на првачиња 2017/2018

Еко акција

Категорија: Настани
Објавено: Сабота, 01 Април 2017

          По повод 1 Април 20 ученици од IV и V одделение земаа учествуво во мини маскенбалот во рамките на проектот „Месец март – еко акција во Општина Центар, исчистете ги домовите од опасен отпад“ во организација на Општина Центар и Нула Отпад ДОО.  Главната тема на овој маскенбал беше изработка и претставување на маски од електричен и електронски отпад. Најдобрите маски беа наградени , а специјалната награда за групна маска „Баба и внука“ припадна на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Сите деца вклучени во оваа маска добија ваучери од Просветно дело.

Повеќе: Еко акција

Едукативна училишна програма за пуберет

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 23 Март 2017

На ден 23.03.2017година, ученичките од шестто одделение од нашето училиште учествуваа во едукативната училишна програма „ Always-Едукативна училишна програма за пуберет-Се што сакаш да знаеш за пуберететот“. Програмата им помага на училиштата кои се залагаат за балансиран и хармоничен развој на идните поколенија. Таа ги содржи следните цели:

Повеќе: Едукативна училишна програма за пуберет

Посета на изложба

Категорија: Настани
Објавено: Среда, 22 Март 2017

 Посета на изложбата UMDENKEN - von der Natur lernen, во организација на Goethe Institut Скопје

 „Промисли – учи од природата“, интерактивна изложба со вклучен квиз натпревар за значењето на четирите елементи, вода, оган, земја и воздух, на јазично ниво А1-А2

 

Повеќе: Посета на изложба

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com