Петта Едуконференција за просоцијално учење

Категорија: Настани
Објавено: Сабота, 11 Мај 2019

Отварање и учество на петата Едуконференција за просоцијално учење. Нашето е амбасадор училиште во нашата држава каде се реализира просоцијалното учење. Со ова учење кај учениците ги развивавем основните вредности, вера, надеж, љубов, емпатија, толеранција и другарство.

Повеќе: Петта Едуконференција за просоцијално учење

Упис на првачиња 2019/2020

Категорија: Настани
Објавено: Понеделник, 22 Април 2019

Образование по мерка на вашите деца. Изберете го најстарото основно училиште во Република Македонија ООУ "Свети Кирил и Методиј", Центар - Скопје.

Вистинското знаење нема рок на траење.

Повеќе: Упис на првачиња 2019/2020

Традиционално Денот на Холандскиот Крал

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 18 Април 2019

Традиционално Денот на Холандскиот крал се одбележува во Национална галерија, преку низа активности организирани од страна на Холандската амбасада.

Учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ посакаа да бидат едни од првите кои упатија честитки до холандскиот народ. Тие беа вклучени минатата година во проект токму од оваа амбасада и од таа причина со исклучителна љубов и огромна возбуда учествуваа во оваа креативна работилница посветена на роденденот на Холанскиот крал.

Повеќе: Традиционално Денот на Холандскиот Крал

Фестивал за детска литература и илустрација

Категорија: Настани
Објавено: Сабота, 13 Април 2019

Литера - Фестивал за детска литература и илустрација

Целта на фестивалот е да ги презентира најдобрите дела од домашната и светската детска литература и илустрација. Фестивалот нема да биде класичен „саем на книга“ туку ќе понуди многу повеќе содржини. Ќе се организираат работилници на кои искусни автори ќе им го пренесат своето знаење на најмладите посетители и ќе ја поттикнат нивната креативност. Исто така, преку организирање дебати ќе се отворат низа актуелни прашања како местото на книгата во дигиталниот свет, улогата на детската литература во интелектуални и емотивниот развој на најмладите итн. Ќе се разговара и за квалитетот на детксата литература, дали и колку е таа застапена кај домашните издавачи.

Повеќе: Фестивал за детска литература и илустрација

Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 04 Април 2019

Изложба ; „Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет“

Меѓународен ден на лицата со аутизам

Објект: Чифте амам

Датум: 4.04.2019 година, во 12 часот

Изложбата ја отвори покровителот на проектот „ Уметност за сите“ - амбасадорот на Кралство Холандија во Република Македонија г-дин Ваутер Пломп.

Повеќе: Пролет, лето,есен,зима....и повторно пролет

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com