Еко Работилница

Категорија: Настани
Објавено: Понеделник, 07 Март 2016

Во периодот од 7 до 11 Март во организација на YOUth CANсо учениците од IV1 и IV2 одделение се реализираа три работилници под мотото „ Несвесност на младите за екологијата“, и тоана тема:

1) Природни ресурси

2) Загрозени животни

3) Општо за екологијата

Повеќе: Еко Работилница

Дискусија со гостин баба или дедо

Категорија: Настани
Објавено: Вторник, 16 Февруари 2016

Дискусија со гостин баба или дедо на тема: „ Семејствата низ историјата - односите во семејството кога тие биле деца“. Посетата беше организирана со цел проширување на знаењата на учениците во однос на темата „Кои сме ние.

Повеќе: Дискусија со гостин баба или дедо

Театар за деца и младинци - Убавицата и Ѕверот

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 29 Јануари 2016

Учениците од I до V одделение, заедно со своите одделенски наставнички, беа во  посета на Театар за деца и младинци и ја проследија претставата „Убавицата и ѕверот“ . Целта на посетата беше развој на интересот на учениците за следење на театарска претстава; одблиску да се запознаат и да ја доживеат сцената, актерите, костимографијата, сценографијата; да распознаваат театарски претстави со различен карактер; забава и дружење.

Повеќе: Театар за деца и младинци - Убавицата и Ѕверот

Градење на американски град

Категорија: Настани
Објавено: Понеделник, 25 Јануари 2016

Makerspace проектот кој ги вклучува младите ученици во воннаставните активности, градејќи го духот за тимска работа и зајакнувајќи ја креативноста на учениците.
Нашето училиште стана дел од овој проект односно од Глобалната работилница со учениците. Во релизирањето на овој проект учество зедоа вкупно 22 уеника од MYP од 6-9 одделение во рамките на групите предмети дизајн и арт од MYP заедно со нивните наставници. Преку овој прроект и неговата реализација учениците ги развија и вештините и целите од двете групи на предмети дизајн и арт.

Повеќе: Градење на американски град

Ден на отворено портфолио

Категорија: Настани
Објавено: Вторник, 29 Декември 2015

На 29.12. 2015 година со почеток во 12 часот во нашето училиште се оддржа

3-Way conference, Ден на отворено портфолио или Училиштето отворена куќа на која учениците од сите одделенија ги презентираа  постигнатите знаењаи вештинистекнати во текот на првото полугодие по методологијата на IB програмата.

Повеќе: Ден на отворено портфолио

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com