Предновогодишен сладок базар

Категорија: Настани
Објавено: Среда, 23 Декември 2015

На 23.12.2015година, во холот на училиштето, учениците од IV3 и V3 oдд. организираа „Предновогодишен сладок базар“. Целта на оваа активност беше да се поттикнат учениците со лични креaтивни изработки и соработка со родителите  да допринесат за подобрување на одделенскиот буџет, да развиваат самоодговорност и почит кон приходите кои сами ги стекнуваат, а со тоа и практично да ги применуваат стекнатите знаења oд одделни наставни предмети. На оваа актиност и претходеше родителско - ученичка работилница чија цел беше да се вклучат и родителите во воспитно - образовниот процес како субјекти, да ја поттикнат детската креативност и заеднички да изработаат предмети кои беа продавани токму на „Предновогодишниот сладок базар“.

Повеќе: Предновогодишен сладок базар

Запознавање со професијата новинар

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 27 Ноември 2015

По покана на  активот на IV одделение, учениците имаа можност да се запознаат со Един Хајдарпашиќ, новинар во  24 Вести. Посетата беше организирана со цел учениците одблиску да се запознаат со професијата новинар и моќта на медиумот.

Повеќе: Запознавање со професијата новинар

Златно славејче

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 20 Ноември 2015

Учениците од I до IV одделение од ООУ„ Свети Кирил и Методиј“ – Центар заедно со своите одделенски наставнички, беа во  посета на Детски музички фестивал Златно славејче“. Целта на посетата беше следење на јубилејниот фестивал на детски музички песни,развивање љубов кон музиката, забава и социјализација.

Повеќе: Златно славејче

Посета на Планетариум

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 13 Ноември 2015

Посета на „Планетариум“ при МКЦ и следење на проекцијата „Привидно движење на ѕвездите“ со цел учениците да ги прошират своите знаења во однос на темата „Како функционира Светот“, да стекнат основни знаења од астрономијата и астрофизиката и да се развие интерес за изучување на астрономија.

Повеќе: Посета на Планетариум

Меѓународниот фестивал на анимирани филмови

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 06 Ноември 2015

На 6.11.2015 година беше реализирана посета на Меѓународниот фестивал на анимирани филмови „Анимакс“ во кино „Фросина “, МКЦ за учениците од I до V одделение. Посетата беше изведена согласно методологијата на IB програмата. Целта беше развој на интересот кај учениците за следење и креирање аминирани филмови, да умеат да ја препознаваат пораката како најбитен елемент на анимираниот филм, да се социјализираат, како и да развиваат навики за пристојно однесување во установи од областа на културата.

Повеќе: Меѓународниот фестивал на анимирани филмови

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com