Каде сме од аспект на време и место

Категорија: Настани
Објавено: Среда, 04 Ноември 2015

Учениците од IV одделение беа во посета на Музејот на Репубика Македонија, Етнолошки музеј – постојана поставка за живеалишта и живот во минатото. Посетата беше изведена со цел учениците да ги прошират своите знаења во однос на темата„Каде сме од  аспект на време и место“; да се запознаат со различните видови на градби, уредување на домовите во минатото и условите; мебел и предмети во домаќинството кои се користеле како и нивната употреба во секојдневниот живот; занимањаи начин на облекување некогаш и сега, народни носии,обичаи, музички инструменти и начинот на подготвување на храната.

Повеќе: Каде сме од аспект на време и место

Сообраќаен буквар

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 29 Октомври 2015

Учениците од I до IV одделение имаа можност да го проследат предавањето од страна на вработените од МВР, Сообраќаен буквар. Целта на предавањете беше можност учениците да се запознаат со правилата за безбедност во сообраќајот и важноста од нив.

Повеќе: Сообраќаен буквар

Чудесниот свет на пајаците

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 02 Октомври 2015

Учениците од IV одделение на ООУ„Свети Кирил и Методиј“ – Центар заедно со своите одделенски наставнички, ја посетија изложбата на ретки видови безрбетници од родот на пајаци - Природно научен музеј , изложба „Чудесниот свет на пајаците“.Ова беше  можност учениците да се запознаат со многу ретки видови инсекти-тарантули, скорпии, пајаци и сл. со големи димензии кои беа сместени во терариуми, а во нив им беа овозможени потребните услови за живот. Исто така имаа можност да се запознаат и со различните видови животни и нивните живеалишта, но и  да ги прошират своите знаења во однос на темата „Споделување на планетата“.

Повеќе: Чудесниот свет на пајаците

Промоција на детски книги - сликовници

Категорија: Настани
Објавено: Четврток, 17 Септември 2015

На 17.09.2015 година, беше реализирана посета на Промоција на детски книги-сликовници во МКЦ во организација на USAID- програма„Чекор по чекор“. Посетата беше изведена со цел да се запознаат учениците со најновите детски книги кои се наменети како детски лектири, социјализација на учениците, развивање културни навики и сл.

Повеќе: Промоција на детски книги - сликовници

Светите браќа Кирил и Методиј

Категорија: Настани
Објавено: Петок, 22 Мај 2015

Изложба "Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители"

На 22.5.2015 год., со почеток во 12.00 часот во Музејот на македонската борба беше отворена изложбата под насловот Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители. Станува збор за филателистичка изложба која се организира по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Специјални гости на отворањето на изложбата бевметокму ние, учениците и одделенските наставници од III одделение од ООУ "Кирил и Методиј" од Скопје, а оваа година славиме 179 години од постоењето на училиштето. Љубопитните ученици имаа можност да ја разгледаат изложбата и да ги посетат галериите на музејот.

Повеќе: Светите браќа Кирил и Методиј

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com