Кодекси и правилници

Категорија: Новости
Објавено: Вторник, 15 Септември 2020

 

Почитувани родители, драги наши ученици,

Треба да бидеме силни и самодисциплинирани, да направиме социјална дистанца, се со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на другите луѓе додека трае вонредната состојба со пандемијата COVID-19. Заради таа цел изготвени се кодекси за однесување и протоколи за сите лица вклучени во системот.

Кодекс за родители

Кодекс за вработени

Кодекс за ученици

Кодекс за однесување за времетраење на online настава

Куќен ред за одвивање на наставата со физичко присуство

Протокол за физичко присуство

 

 

 

 

Важни информации

Категорија: Новости
Објавено: Вторник, 24 Март 2020

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Почитувани ученици и родители,

по добиените насоки од МОН и Општина Центар, а со единствена цел да излеземе во пресрет на нашите ученици од

ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје, Ве известуваме дека секој актив на наставници од I – V одделение и

од VI – IX одделение, подготвува база на податоци, едукативни содржини и е- содржини (линкови) кои ќе ги споделат

на училишната WEB страна.

Целта на овој вид „учење на далечина“ е да се посочат платформи кои овозможуваат пристап до содржини соодветни

на возраста и наставната програма за секое одделение, подобрување на дигиталната интеграција во учењето и

подучувањето, пристап и учење преку отворени образовни ресурси.Сето ова во овој период кога децата

не посетуваат настава, дава поддршка на самоучењето на учениците, врз основа и примена на ИКТ, развива

компетенции на наставниците да користат нови технологии за подобрување на резултатите во наставата,

подобрување и проширување на понудата на висококвалитетни можности за учење, користење на иновативни

начини на информирањање и комуникација.

Оваа е- платформа ќе им овозможи на учениците да совладуваат нови содржини по сите наставни предмети,

да ги повторуваат и утврдуваат стекнатите знаења и истите да ги интегрираат и применуваат во секојдневниот живот.

Едукативно, креативно и корисно да се сублимираат знаењата.

Со почит,

Вилма Поповиќ

Директор на ООУ„Свети Кирил и Методиј“

Центар, Скопје


 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com