Важни информации

Категорија: Новости Објавено: Вторник, 24 Март 2020

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Почитувани ученици и родители,

по добиените насоки од МОН и Општина Центар, а со единствена цел да излеземе во пресрет на нашите ученици од

ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје, Ве известуваме дека секој актив на наставници од I – V одделение и

од VI – IX одделение, подготвува база на податоци, едукативни содржини и е- содржини (линкови) кои ќе ги споделат

на училишната WEB страна.

Целта на овој вид „учење на далечина“ е да се посочат платформи кои овозможуваат пристап до содржини соодветни

на возраста и наставната програма за секое одделение, подобрување на дигиталната интеграција во учењето и

подучувањето, пристап и учење преку отворени образовни ресурси.Сето ова во овој период кога децата

не посетуваат настава, дава поддршка на самоучењето на учениците, врз основа и примена на ИКТ, развива

компетенции на наставниците да користат нови технологии за подобрување на резултатите во наставата,

подобрување и проширување на понудата на висококвалитетни можности за учење, користење на иновативни

начини на информирањање и комуникација.

Оваа е- платформа ќе им овозможи на учениците да совладуваат нови содржини по сите наставни предмети,

да ги повторуваат и утврдуваат стекнатите знаења и истите да ги интегрираат и применуваат во секојдневниот живот.

Едукативно, креативно и корисно да се сублимираат знаењата.

Со почит,

Вилма Поповиќ

Директор на ООУ„Свети Кирил и Методиј“

Центар, Скопје


Посети: 1397
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com