Први сме во ...

Прво училиште во Скопје, основано во 1836 година во дворот на црквата “Света Богородица” во 1831 година.

Прво училиште во Скопје, Македонија, кое 180 години непрекинато извршува воспитна-образовна дејност.

Првa драмска дејност во Скопје развива преродбеникот Ј.Х.Џинот, којшто воедно изведува настава во ова училиште.

Првaта прослава на Денот на Солунските браќа Кирил и Методиј во Скопје била одржана на 11 мај 1858 и оттогаш училиштето го добива денешното име.

Прво училиште, во кое наставата се изведувала на мајчин македонски јазик.

Прво градско читалиште “Развитие’’, со простории за книги наменети за учителите.

Прв главен учител бил Петре Поп Блажов.

Прв донатор на местото за изградба, подигање на една пространа, голема, импозантна црква “Света Богородица”, бил трговецот и угледен советник Хаџи Трајко.

Прво училиште, во кое Ј.Х.Џинот воведувал нова организација на наставната работа.

Прво училиште, во кое Ј.Х.Џинот вовел и нови наставни предмети кои се потврдуваат во наставните планови.

Прво световно училиште со настава на мајчин јазик во Скопје воведува просветителот и преродбеник Ј.Х.Џинот во 1848 година.

Прво училиште, во кое Ј.Х.Џинот вовел одделенијa, ги разделил учениците по одделенија.

Прво училиште, во кое Ј.Х.Џинот поставил клупи и применувал современи наставни средства и помагала (глобус, географски карти и др).

Прво училиште, во кое 179 ученици биле поделени на одделенија и тоа:
120 ученици во прво одделение;
24 ученици во второ одделение;
35 ученици во трето одделение

Прво училиште, во кое се образувале најголем број ученици (околу 20000)

Прво училиште, во кое се користат современи наставни методи.

Прво училиште, во кое е укината примената на физичка казна како педагошка мерка.

Прво училште, кое со гордост прослави неколку значајни јубилеи, меѓу кои и 1100 години од смртта на Методиј.

Прво и единствено училиште, во кое по ослободувањето се огласило првото училишно ѕвоно, повикувајќи ги учениците на првиот училишен час во слободна територија.

Прво училиште по НОБ, во кое наставата се изведувала од прво до седмо одделение (475 ученици).

Прво народно ОУ „СВ.Кирил и Методиј” по Одлука за именување на училиштата во Скопје од 10.2.1925 година.

Прво училиште, кое добива статус на осмолетка во 1902 година со 1210 ученици, распредерени во 37 паралелки.

Прво училиште, кое ги отвара вратите за соработка со други училишта. Во состав на„СВ. Кирил и Методиј” работи и училиштето „Рајко Жинзифов” 1948/1949 година; ОУ „Цветан Димов“ 1962 година; училиште за возрасни “А.С. Макаренко” 1970 година и училиште за занимање Димитар Влахов 1972 година.

Прво училиште, во кое е воведен дневен престој 1973/1974 година и меѓу првите за организирање на целодневна настава за учениците од прво и второ одделение во 1979/1980 година, а подоцна и за останатите одделенија.

Прво училиште, во кое се применуваат компјутери во наставата по математика и други предмети 1985 година со посебно изработени програми за петто и шесто одделение.

Прво училиште, чија библиотека располага со најголем книжен фонд од 6959 книги со различна содржина и од различни жанрови. Од 1973 година библиотеката отпочна со стручна обработка на книгите со евидентирање, сигнирање и средување.

Прво место за најдобра училишна Веб страна во 2006 година, на натпреварот организиран од USAID и проектот MkConnect во конкуренција од 180 основни и средни училишта од Македонија.

Прво место и на европскиот натрпевар организиран од страна на Microsoft и USAID на форумот за иновативни наставници, кој се одржа во Москва во 2011 година, со што нашето училиште обезбеди пласман за светскиот натпревар, кој ќе се одржи во Вашингтон следниот октомври.

Прво училиште, кое развива екстра курикулум активности: учење кинески, англиски, германски, француски јазик.

Прво училиште, кое имплементира меѓународна IB програма за учениците од прво до деветто одделение

 

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com