Нашето училиште

Основни податоци за училиштето

Основното училиште Св. Кирил и Методиј се наоѓа на ул. 1737 бр.1 Општина Центар - Скопје. Изградено е од тврда градба во 1963/64 со вкупна корисна површина од 2504 м2 и 4448 м2 дворна површина.
Училиштето е најстаро училиште во Република Македонија со непрекината воспитно образовна дејност на мајчин македонски јазик во текот на 180 години (од далечната 1836 година до денес).

Се работи по IB (International Baccalaureate) програма, која е воведена од учебната 2013/2014 година за одделенска настава, а од учебната година 2014/2015 и за учениците од предметна настава.
Во учебната 2015/2016 како и изминатите две учебни години училиштето ја организира наставата според донесените измени во законот и истата ја прилагодува според барањата на ИБ организацијата.
Во училиштето се организира настава во две смени. Во едната смена се организира настава за учениците од одделенска настава (I до V одделение целодневна настава од 7 часот и 30 мин. до 17 часот), за учениците од VI до IX одделение од 8 часот до 14 часот и втора смена за класичните паралелки од 13 до 17 часот.

Повеќе: Нашето училиште

Ученици и ученички организации

Подмладок на Црвениот крст

Во училиштето на организиран начин учениците ги остваруваат своите интереси, преку одредени форми на ученичко организирање. Во активностите на нивните организации се вклучени наставници кои ги помагаат и поддржуваат нивните програмски активности.
Цели:
- Создавање, развивање и негување хигиенски навики кај учениците, подигнување на нивото на здравствената култура, оспособување на подмладокот за укажување прва помош во случај на несреќи, како и водење постојана грижа за здравјето преку здрава исхрана и здрава и чиста средина за живеење.
- Развивање на чувства за хуманизам, солидарност, сочувство, толеранција и почитување по пат на разновидни игри и работа, а со тоа здобивање на пријатели и развивање на пријателството.

Повеќе: Ученици и ученички организации

Професионален развој на наставниците и стручните соработници

Професионален развој

Цели и задачи: Вклучување на наставниците во континуиран професионален развој-услов за успешна и ефикасна работа. Наставникот постојано да ги развива своите компетенции со цел да достигне и одржи висок квалитет на наставата во согласност со современите трендови и со барањата на модерниот свет.

Интеграција на еколошката едукација во образовниот систем на училиштето

Цели:
Воведување на еколошкото образование во воспитно образовниот процес
Подобрување на условите за престој и работа во училиштето
Поттикнување на учениците и вработените да размислуваат и да дејствуваат еколошки
Задачи:Исполнување на 7-те чекори од програмата за Еко училиште
Интеграција на еколошката едукација во сите предмети во одделенска и предметна настава изработка на еко проекти Одбележување на значајни еколошки датуми.

Повеќе: Професионален развој на наставниците и стручните соработници

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com