Нашето училиште

Основни податоци за училиштето

Основното училиште Св. Кирил и Методиј се наоѓа на ул. 1737 бр.1 Општина Центар - Скопје. Изградено е од тврда градба во 1963/64 со вкупна корисна површина од 2504 м2 и 4448 м2 дворна површина.
Училиштето е најстаро училиште во Република Македонија со непрекината воспитно образовна дејност на мајчин македонски јазик во текот на 180 години (од далечната 1836 година до денес).

Се работи по IB (International Baccalaureate) програма, која е воведена од учебната 2013/2014 година за одделенска настава, а од учебната година 2014/2015 и за учениците од предметна настава.
Во учебната 2015/2016 како и изминатите две учебни години училиштето ја организира наставата според донесените измени во законот и истата ја прилагодува според барањата на ИБ организацијата.
Во училиштето се организира настава во две смени. Во едната смена се организира настава за учениците од одделенска настава (I до V одделение целодневна настава од 7 часот и 30 мин. до 17 часот), за учениците од VI до IX одделение од 8 часот до 14 часот и втора смена за класичните паралелки од 13 до 17 часот.

Наставен и ненаставен кадар

Во учебната 2015/16 год. во училиштето реализираат настава вкупно 57 наставници од кои 31 во одделенска настава и 26 во предметна настава.
Во учебната 2015/16 година работат 7 хигиеничарки и еден хаусмајстор кој се грижат за хигиената во училиштето, распределени во две смени.
Учебната година започна на 1 Септември со вкупно 506 ученици распоредени во 27 паралелки. Учениците се од општината и поширокиот градски регион. Наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Четири наставници дополнуваат од други училишта по предметите: македонски јазик, , физичко и здравствено образование, природни науки и германски јазик, а тројца наставници дополнуваат во други училишта по предметите: етика, етика во религиите, граѓанско образование и техничко образование.
Фондот на часовите е според нормативот во согласност со Законот за основно образование.

Настава по задолжителни предмети

Неделниот фонд на часови по задолжителните предмети е утврден во Наставниот план, а целите, содржините, поимите и планираните активности се содржани во наставните програми донесени од БРО.

Наставната програма од одделенска настава PYP е прилагодена според барањата на IB со воведување на единици на истражување од 6-те трансдисциплинарни теми:
1. Кои сме ние
2. Каде сме од аспект на време и место
3. Како се организираме
4. Како се изразуваме
5. Како функционира светот
6. Споделување на планетата

Наставната програма од предметна настава MYP е прилагодена според барањата на IB со воведување на 6-те глобални контексти:
1. Идентитети и односи
2. Ориентација во простор и време
3. Лично и културно изразување
4. Научни и технички иновации
5. Глобализација и одржливост
6. Правичност и развој

Наставната програма за предметна настава се однесува за учениците од VI, VII и VIII одделение, додека IX одделение работи по националната програма.
Наставата е утврдена со новите наставни планови и програми согласно Решението од МОН со сите измени и дополнувања.

Изборните предмети кои учениците ги бираат и за таа година им се сметаат како задолжителни и нивната оценка влегува во средниот успех на ученикот.

Изборни предмети:
Творештво
Работа со компјутер
Етика во религиите
Проекти од музичко
Проекти од ликовно
Техничко образование
Изборен спорт
Програмирање
Проекти од информатика
Воспитание за околината
Вештина на живеење

Дополнителна настава

Се организира за учениците кои покажуваат потешкотии во совладувањето на наставните содржини, биле отсутни заради болест или од други причини.
Се изведува редовно по сите наставни предмети, во текот на целата учебна година, со примена на индивидуалната и групна форма на работа.

Додатна настава

Се организира за учениците кои покажуваат зголемен интерес за наставните содржини, за проширување и продлабочување на знаењата. Од оваа група на талентирани ученици се бираат учениците кои го претставуваат училиштето на сите видови натпревари по сите предмети.

Инклузија на деца со посебни потреби

- Вклучување на децата со ПОП во редовни услови и настава, а со тоа поуспешно функционирање комуникација, толеранција и даванње на можности за подобро прилагодување во социјалната средина.
- Флексибилна индивидуализирана поддршка на децата со ПОП од страна на учениците и наставниците.
- Зголемено и активно учество во инклузивниот и образовниот процес ИОП и практична вклученост на родителите на деца со посебни образовни потреби.
- Изработка на индивидуални образовни планови соодветни на способностите, потребите и подготвеноста на секој ученик.
- Соработка со Факултетот за дефектологија и Заводот за ментално здравје како и со Аудиолошкиот центар во Проекти кои се реализираат во училиштето.

Употреба на ИКТ во наставата

Со владиниот проект „Компјутер за секое дете“ наставниците имаат можност да реализираат современа настава преку примена на ИКТ во својата наставничка работа. Содржините кои наставниците ги реализираат со помош на ИКТ се дефинирани во нивните тематски и процесни планирања. Примена на ИКТ во наставата овозможува реализација на многубројни содржини и активности кои се поврзани со IB-програмата.

Оценување

Во училиштето се организира систематско следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовната работа. Следењето, унапредувањето и вреднувањето на воспитно-образовната работа опфаќа:
Следење на планирањето, програмирањето и подготовката на целокупната воспитно-образовна работа во училиштето.
Планирање и подготовка на наставниците за изведување настава.
Водење на педагошка документација и евиденција.
Планирање, програмирање и реализација на активностите на педагошко-психолошката служба во училиштето.
Следење, проверување и вреднување на успехот што го постигнуваат учениците и наставниците во наставата и воннаставните активности.
Успехот на учениците се следи континуирано од страна на сите релевантни субјекти и се настојува да се постигне што пообјективно оценување.
Перманентно стручно усовршување на директорот, стручните соработници, наставниците.
Воспитно-образовниот кадар перманентно стручно се усовршува низ различни форми:
- преку обработка на теми на Стручни активи
- преку учество на семинари и советувања организирани од страна на БРО и интерно стручно усовршување
- преку следење на стручна литература
Водење педагошка евиденција и документација во рамките на сите подрачја што ја сочинуваат дејноста на училиштето.

Вон наставни активности

Воннаставните активности претставуваат интегрално и мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на училиштето. Затоа во овој дел на Полугодишниот извештај се содржани основите за организирање и програмирање на:
- Ученичките натпревари
- Ученичките екскурзии
- Општествено хуманитарна работа

Училиштето во рамките на ИБ програмата спроведува и екстракурикулум активности по еден час неделно по предметите германски јазик, англиски јазик, кинески јазик за PYP и дизајн, арт (Makerspace) и спорт (џудо и таи чи чуан) за MYP.

Ученички натпревари

Училиштето кое континуирано вложува во својот развој и создава позитивна, продуктивна и стимулативна училишна клима создава и ученици кои го вложуваат својот максимум за реализацијата на сопствените афинитети и вештини. Правилното канализирање на енергијата која ја носи во себе ученикот и можноста да се надградува според афинитетите е одговорна задача на училиштето, кое го води ученикот кон портите на успехот и надвор од него.
Секој ученик се гордее со своите лични постигнувања, како и со постигнувањата кои ги носи во име на училиштето. Клучот на успехот лежи во сите нас кои ги поттикнуваме мотивот за самодокажување на учениците и желбата за афирмација во општеството.

Екскурзиите како посебен вид настава

Училишните екскурзии и другите слободни активности (излети, настава во природа, зимување и летување) се вонучилишни облици на воспитно-образовна работа што се изведува надвор од училиштето со цел да се реализираат конкретни цели од наставните програми.

Грижа за здравјето

Училиштето води грижа за здравјето на учениците на три нивоа:
- физичко здравје кое опфаќа лична хигиена, храна и исхрана, заразни болести, сексуално преносливи болести, безбедност и прва помош и физичка активност
- ментално здравје го опфаќа самопочитувањето, почитувањето на различностите, толеранцијата и развојот на самодовербата.
- социјалното здравје ја опфаќа грижата за здрава животна средина, одговорност и комуникација.
Активностите посветени на грижата за здравјето на учениците се реализираат во текот на учебната година во наставата по предметот физичко и здравствено образование како и другите предмети, на часовите на одделенска заедница, во рамките на слободните ученички активности и други форми. Предавања и разговори на часот на одделенската заедница, со стручната служба, одделенските раководители и со надворешни стручни лица во врска со превентивата од болестите на зависност и други содржини со кои се изградува свеста кај учениците за заштита на здравјето и воспитание и образование за здрав начин на живеење.

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com