Ученици и ученички организации

Подмладок на Црвениот крст

Во училиштето на организиран начин учениците ги остваруваат своите интереси, преку одредени форми на ученичко организирање. Во активностите на нивните организации се вклучени наставници кои ги помагаат и поддржуваат нивните програмски активности.
Цели:
- Создавање, развивање и негување хигиенски навики кај учениците, подигнување на нивото на здравствената култура, оспособување на подмладокот за укажување прва помош во случај на несреќи, како и водење постојана грижа за здравјето преку здрава исхрана и здрава и чиста средина за живеење.
- Развивање на чувства за хуманизам, солидарност, сочувство, толеранција и почитување по пат на разновидни игри и работа, а со тоа здобивање на пријатели и развивање на пријателството.

Ученички парламент

Преку оваа организација учениците имаат можност да учествуваат во креирањето на позитивна клима за работа и учење, градење и негување на другарски односи и соработка, како и можност да придонесуваат за нивниот правилен развој и целокупното работење на училиштето и пошироката заедница. Организационата поставеност почнува од учениците во паралелката, па до училишниот парламент.

Детска организација

Развивање на чувство за припадност и дружење кај учениците,подигање на културна свест и развивање на натпреварувачки дух, воспоставување на раководство на Детска организација, организирање на посети, учество во квизотека.

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com