Бабини игри

Објавено: Среда, 22 Ноември 2017

Реализирани активности од проектот ИГРОВИЗИЈА. Учење врз основа на традиционални детски игри и негување на мултиетнички културни вредности како дел од светското културно историско минато.

Повеќе: Бабини игри

Месец на глатта 17 октомври -17 ноември

Објавено: Вторник, 21 Ноември 2017

Нашето училиште има одлична соработка со Црвениот крст и редовно учествува во одбележување на сите манифестации и се вклучува во акции организирани од ЦК, а со тоа и од нашето училиште има излезено бројни Волонтери на ЦК. Неодамна се одвиваше и хуманитарната акција по повод Месецот на глатт, во која се изврши продажба на купони за гладните и се собраа неколку паќети со прехрамбени продукти и истите беа донирани на социјално загрозени семејства.

Повеќе: Месец на глатта 17 октомври -17 ноември

Најголемиот глобален час

Објавено: Понеделник, 20 Ноември 2017

Република Македонија, како членка на Обединетите Нации, преку МОН со поддршка на УНИЦЕФ активно се вклучи во реализирањето на глобалната иницијатива „Најголем глобален час“, која произлегува од Усвоената резолуција на ОН на 25 септември 2015 година за „Трансформирање на нашиот свет: Агенда 2030 за одржлив развој.“

Имено, на 13 ноември 2017 година  и нашето училиште се вклучи кон одржувањето на „Најголемиот глобален час“. Предавањата се одвиваа на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение.

Повеќе: Најголемиот глобален час

Есенска Екскурзија

Објавено: Вторник, 31 Октомври 2017

На ден 17.10.2017 се реализираше еднодневна есенска екскурзија во излетничкото место „Сарај„.

Екскурзијата беше од рекреативен карактер. Учениците се запознаа со излетничкото место,се рекреираа  и дружеа, стекнаа навики за чување на животната средина.

Повеќе: Есенска Екскурзија

Безбедност во сообраќајот како пешак

Објавено: Вторник, 31 Октомври 2017

Во месец октомври нашето училиште беше посетено од представници на СВР Скопје. Истите одржаа предавање на тема „Безбедност во сообраќајот како пешак„. Учениците со задоволство го следеа предавањето и  се оспособија за безбедно учество во сообраќајот како пешаци.

Повеќе: Безбедност во сообраќајот како пешак

 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com