Уписи на првачиња 2020/2021

Категорија: Новости Објавено: Недела, 03 Мај 2020

Упис на првачиња

95884939 2741528262642039 4624074074203619328 n

Почитувани родители, драги наши ученици,

Ве известуваме дека оваа година уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во согласност со новонастанатата состојба, поради светската пандемија од вирусот COVID -19.

Од овие причини уписот на првачињата ќе се изведе на следниот начин:

Сите заинтересирани родители можат да ја симнат апликацијата за упис на прваче (овде), истата да ја пополнат и да ја испратат на училишниот меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Потребни документи за упис

1. извод од матична книга на родени

2. потврда за примени вакцини од надлежни институции

3. потврда за офталмолошки преглед

4. потврда од матичен стоматолог

Сите документи ќе можете да ги доставите во педагошко-психолошката служба, откако ќе се создадат услови за тоа, а најдоцна до август 2020 година, за што ќе бидете благовремено известени. Треба да бидеме силни и самодисциплинирани, да направиме социјална дистанца, се со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на другите луѓе.

Ви благодарам за соработката.

Со почит

Директор

Вилма Поповиќ

** Помош за пополнување на апликацијата:

Од како ќе ја превземете апликацијата - Апликација_за_упис_на_првачиња.pdf , истата можете да ја отворите и пополните со Adobe Reader или Microsoft Word.

(видете на сликата)

Ако имате било каков проблем при превземање и пополнување на апликацијата, истата може да ја подигнете секој работен ден од 09:00-12:00 во нашето училиште.  

slika12

 

Посети: 5653
 Линкови Контакт  Следете не
Биро за развој на образованието
Основно училиште "Свети Кирил и Методиј"        
Министерство за образование и наука

Ул. 1737 бр.1 - 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

  Телефон: + 389 2 3164357  
  Факс: + 389 2 3164357  
  Е-Пошта: oukimsk@yahoo.com