Почетна

Светскиот ден на книгата и авторските права

23 АПРИЛ – Светскиот ден на книгата и авторските права.
Одбележување на Светскиот ден на книгата во ООУ,,Свети Кирил и Методиј, Центар - Скопје.

Гордост ни е да го одбележиме овој значаен ден во најстарото училиште во Македонија ,затоа што книгата и писменоста се нашиот најцврст бедем и наше опстојување низ вековите.

ДА НИ Е ВЕЧЕН ОВОЈ СВЕТОЛ И СВЕЧЕН ДЕН

Книгата е непресушен извор на знаење, на мудрост, духовна храна за нежниот детски свет , а и за нас возрасните.

Таа, книгата ни го збогатува интелектот, ни ја развива креативноста, имагинацијата , а не доближува и до реалноста.

Пишаниот збор е уметност која има безвременска убавина и значение.

Книгата претставува бисер од школката која секојдневно ја отвораме. Ние, наставниците посебно во овие времиња имаме мисија и обврска да им овозможиме на учениците да патуваат низ печатените пространства на овој прекрасен медиум. Со читањето и всадување на љубовта кон книгата нашите умови процветуваат , а нашите спознанија не оформуваат како личности.

Нашиот начин на размислување во голем дел е одреден од информациите добиени од книгата.Тие ни даваат патоказ, идеи и мотивации за успех и напредување

Книгата не е материјален предмет составен од корици и листови хартија, таа е емоција, потреба, поттик и естетска осмислена величина.

Книгите ги содржат тајните на Универзумот, а воедно и тајните лавиринти на авторската ДУША и МОЌНОСТА НА РЕЧТА испливуваат на површината која нам читателите без разлика на возраста ни се достапни за подобро запознавање на светот и животот

 

ВЕЧНО ДА ГО ЧЕСТВУВАМЕ ОВОЈ ДЕН И ПОСТОЈАНО ЧИТАЈЌИ ДА СЕ НАДОГРАДУВАМЕ ВО НАШИОТ ДУХОВЕН РАСТЕЖ

Поврзани содржини

Хуманитарен Талент Шоу