Почетна

Уписи на првачиња во учебната 2023 - 2024 година

Уписи на првачиња во учебната 2023 - 2024 година

Почитувани родители, Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2023/2024 ќе се реализира од 02.05.2023 до 31.05.2023 во канцеларијата на стручната служба на училиштето.

На училишната веб страна – oukimcentar.edu.mk имате податоци за што треба да донесете со вас на денот на пријавата.

Пријавата превземете ја, пополнете ја и истата испратете ја на училишниот маил prvacinjaooukim2324[at]gmail.com

Според член 63 став 1 од Законот за основно образование родителите односно старателите на оние деца кои според реонизацијата припаѓаат на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје, треба да ги запишат своиоте деца во училиштето.

Документите потребни за упис може да се прикачат на меил адресата на која е наведена погоре во текстот заедно со пријавата или да се достават на денот на теститањето.

Потребни документи за запишување:

-        Извод од матична книга на родените (фотокопија)

-        Копија од лична карта на родителот / старателот

-        Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа

-        Медицинска белешка за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа

-        Медицинска белешка од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа

                                                                                                                  

Директор

Соња Кирковска

Начин на пријавување

Пријава

Улици кои влегуваат во опфатот на ООУ„Свети Кирил и Методиј“

Поврзани содржини

Светскиот ден на книгата и авторските права

Хуманитарен Талент Шоу