Почетна

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ

ООУ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ -ЦЕНТАР

објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките правобранители.

Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).

       1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.

Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од  6, 7 и 8 одделение.

        2. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба. Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 29.10.2024 год

       3. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7, 8 и 9 одделение според следните критериуми:

– пол,

– возраст,

– основно познавање на детските права,

– мотивација за пријавувањето,

– комуникациски и организациски способности,

– етничка припадност,

–претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.

 

      4. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:

  • учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко-психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);
  • промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
  • прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
  • редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

 

Лице за контакт: Педагошко-психолошка служба во училиштето

Поврзани содржини

Светскиот ден на книгата и авторските права

Хуманитарен Талент Шоу