Почитувани родители, Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2025/2026 ќе се реализира од 02.05.2025 до 31.05.2025 во канцеларијата на стручната служба на училиштето.
Според член 63 став 1 од Законот за основно образование, родителите односно старателите на оние деца кои според реонизацијата припаѓаат на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје, треба да ги запишат своите деца во училиштето.
Документите потребни за упис треба да се достават во просториите на стручната служба во училиштето.
Потребни документи за запишување:
- Извод од матична книга на родените (фотокопија);
- Копија од лична карта на родителот / старателот;
- Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда за систематски преглед од стоматолог и од офталмолог.
Директор
Соња Кирковска