Почитувани родители, Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2025/2026 година ќе се врши електронски преку следната меил адреса на училиштето:
Во прилог е Пријавата за упис. Потребно е истата да ја симнете, да ги пополните бараните информации и да ја доставите на погоре посочениот меил на училиштето.
Пријавите треба да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 31 мај.
Потребни документи за запишување:
Извод од матична книга на родените (фотокопија)
- Копија од лична карта на родителот / старателот
- Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа
- Медицинска белешка за извршен стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
- Медицинска белешка од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
Исто така Ве информираме дека преку ГИС порталот на Општина Центар
( https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map), можете лесно да проверите дали вашето дете припаѓа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ според реонизацијата.
Со едноставна регистрација, во делот „Образование и реонизација“ ќе добиете точни информации врз основа на адресата на живеење. Оваа услуга овозможува брза проверка, без потреба од чекање и административни постапки.
За дополнителни информации, слободно обратете се до нашето училиште.
Директор
Соња Кирковска