Почитувани родители,
Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2026/2027 година може да се врши и електронски преку следната меил адреса на училиштето:
Во прилог е:
Апликација за упис на првачиња
Потребно е истата да ја симнете, да ги пополните бараните информации и да ја доставите на погоре посочениот меил на училиштето.
Пријавите треба да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 29 мај 2026 година.
Исто така Ве информираме дека преку ГИС порталот на Општина Центар
( https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map), можете лесно да проверите дали вашето дете припаѓа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ според реонизацијата.
Со едноставна регистрација, во делот „Образование и реонизација“ ќе добиете точни информации врз основа на адресата на живеење. Оваа услуга овозможува брза проверка, без потреба од чекање и административни постапки.
За дополнителни информации, слободно обратете се до нашето училиште.
