Европска недела на кодирање (EU Code Week) е доминантна непрофитна организација од 2013 година која има за да го прошири кодирањето и компјутерското размислување кај децата и кај возрасните и да ја подигне свеста за важноста на програмирањето и технологијата во секојдневниот живот и глобалниот пазар на труд. Тоа е повеќејазична платформа со ресурси за сите, а особено за наставници. Нивната цел е да
го направат програмирањето повидливо, да им покажат на децата и возрасните како да ги оживеат идеите со кодирање, да ги откријат тие вештини и да ги здружат мотивираните луѓе заедно да учат и соработуваат.
Кодирањето ги поттикнува клучните вештини на 21-от век како што се решавање проблеми, критичко размислување и креативност бидејќи учениците треба да ги разложат сложените проблеми на помали сегменти и да размислуваат логично и креативно за да најдат решенија.
Кодирањето промовира начин на размислување за развој и приспособливост затоа што учениците учат дека правењето грешки и повторувањето на идеите е составен дел од процесот на учење, што води до подобрување на издржливоста и истрајноста.
Кодирањето ја подобрува дигиталната писменост бидејќи ги едуцира учениците поефикасно да ја разберат и да комуницираат со технологијата, што е од суштинско значење за нивните идни можности за кариера.
Дел од нашите наставници се активни на оваа платформа и активности со кодирање реализираат повеќе години: Нела Слезенкова- Никовска, Даниела Крстевска, Биљана Стојановска,
Од 4-6.12.2023 беше одржана дисеминација (обука) за одделенските и предметните наставници од нашето училиште „CODEWEEK АВАНТУРА ЗА НАСТАВНИЦИ“ од страна на наставничката Биљана Стојановска, која во месец јули на покана од CodeWeek EU беше на Летна школа за кодирање во Брисел, како Водечки наставник на EU Code Week.
На оваа обука наставниците имаа можност да се запознаат со концептот за кодирање, програмско размислување и алгоритам, се запознаа со платформата на CodeWeek и нејзините можности, се воведоа во користење на кодирање без интернет и роботика во наставата, развој на апликации, се запознаа со алатки за вештачка интелигенција во наставата и идентификуваа интердисциплинарни можности за примена на кодирањето во наставата.