Почетна

Уписи на првачиња во учебната 2024/2025 година

Почитувани родители, Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2024/2025 ќе се реализира од 07.05.2024 до 31.05.2024 во канцеларијата на стручната служба на училиштето.

Според член 63 став 1 од Законот за основно образование, родителите односно старателите на оние деца кои според реонизацијата припаѓаат на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје, треба да ги запишат своите деца во училиштето.

Документите потребни за упис треба да се достават во просториите на стручната служба во училиштето.

Потребни документи за запишување:

-        Извод од матична книга на родените (фотокопија);

-        Копија од лична карта на родителот / старателот;

-        Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа;

-        Потврда за систематски преглед од стоматолог и од офталмолог.

Директор

Соња Кирковска

Улици кои влегуваат во опфатот на ООУ„Свети Кирил и Методиј“

Поврзани содржини

Светскиот ден на книгата и авторските права

Хуманитарен Талент Шоу